Декра, Македонија
Неопределено
Наш клиент е АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките FIAT, ALFA ROMEO, ABARTH и JEEP за Македонија и Косово. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција:
Маркетинг Специјалист
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
Ја следи и применува маркетинг и комуникациската политиката на производителот и увозникот;
Помага во подготовката, спроведувањето и следењето на рекламните и комуникациските кампањи за производи и услуги, на сите медиуми;
Ја развива и управува содржината на сите интернет сајтови на увозникот во согласност со вредностите и карактеристиките на марките, политиката и приоритетите на производителот и увозникот;
Ги надгледува каналите за online маркетинг ( социјални и дигитални медиуми) и спроведувањето на содржините и кампањите;
Ги поддржува и следи маркетинг и рекламните активности на дилерите;
Врши константна анализа и изработува извештаи поврзани со сите активности од пазарот на нови возила;
Предлага и организира комуникациски настани; по потреба подготвува/ преведува пр соопштенија, комуницира со новинари;
Го поддржува CRM системот на компанијата;
Остварува блиска соработка со тимот за продажба и после продажба;
Извршува други деловни задачи од делокругот на работењето по барање на претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Високо образование, економски факултет, насоки од областа на маркетинг, комуникации или бизнис;
Најмалку 3 години претходно работно искуство во следниве области: адвертајзинг, социјални/дигитални медиуми, комуникации и настани;
Искуство во делот на интернет маркетинг (социјални, дигитални медиуми) ќе се смета за предност;
Искуство во автомобилскиот сектор ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик; владеење на втор странски јазик ќе се смета за предност;
Возачка дозвола Б категорија;
Одлични интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]
Скопје
09/05/2025
Спонзориран оглас