3 СТ е целосно приватна фирма со повеќегодишно искуство во производство на моторни и индустриски масла, лоцирана во Скопје. Своите активности ги започнаа уште во 1991 година со лимитирани можности, за да денес прерасне во најголема фирма за производство во Р. Македонија, со капацитет од 20 000 тони готов производ на годишно ниво. Седиштето на компанијата и производствениот погон се наоѓаат во Скопје, Р. Македонија, но производите на 3 СТ се достапни на повеќе пазари во регионот.
Мисијата на 3 СТ е постојано да создава вредности што позитивно ќе се одразат на квалитетот, ефикасноста, сигурноста и безбедноста на своите производи, а притоа ќе ги развива своите вредности преку континуирано создавање и одржување на добри односи со сите свои партнери и корисници. 3 СТ води грижа за секој свој клиент навремено да биде снабден со квалитетни производи, како и да му обезбеди соодветна професионална помош, со поголема сигурност и конкурентност од која било слична компанија во овој регион.
Производствената програма ја сочинуваат повеќе видови на производи, односно масла, наменети за различна употреба. Моменталните производствени капацитети се полуавтоматизирани и полно автоматизирани, исто како и полнилницата за различни видови паковки. Добрата внатрешна организација овозможува брзо и ефикасно прилагодување на желбите и потребите на нашите купувачи.