Сито графика е основана во 1991 година, со седиште во Скопје. Повеќе од 25 години креираме печатени материјали за нашите клиенти, и како и секој однос кој има големо значење, така и ние започнавме од основната идеа да Ви помогнеме при остварување на вашата фантазија.
Со континуитетот во работата од самото основање, Ситографика се јавува како логистика во доменот на промотивните активности, рекламната дејност и презентацијата на фирмите, друштвата и секако и во активностите на голем дел од асоцијациите, спортските клубови и воопшто на македонското стопанство во општествено-економските дејности.
Ние знаеме дека секоја работа, ваша идеја е единствена и најважна за вас. Тоа е она што нас не одржува во живот и нè води на патот кон остварувањето на нашата цел, да ви помогнеме да ја остварите вашата фантазија.
За таа цел, постојано ги следиме напредокот на технологијата во доменот на печатењето на разнородни материјали и подлоги, развојот на боите и употребата на разновидни ткаенини, хартии и картони, транспарентни материјали...