Адвокатското Друштво Чичевалиев & Илијовски е формирано со цел
обезбедување на правна помош и застапување на физичките и правните
лица од областа на граѓанското право. Главен фокус на Друштвото е
обезбедување на целосна правна помош на нашите клиенти од областа на
деловното, финансиското и стопанското право. Целна група на Друштвото
е застапување на македонски и странски правни лица без разлика дали
истите оперираат на македонскиот пазар или на странските пазари.
Во оваа насока Друштвото се стреми да обезбеди комплетна правна
помош, застапување и поддршка на физичките и правните лица преку
нивно застапување пред надлежните судови и останати институции,
како и формирање на нови правни лица, изработка на бизнис проекти,
процена на правни ризици, анализирање на македонското и странските
законодавства, компаративни студии на законодавства, и други квалитетни
услуги во насока на обезбедување на квалитетот на работењето на Нашите
ценети клиенти.