Интер Ал-Пин е компанија која веќе 17 години е присутна секаде каде што се гради или реконструира квалитетен објект, кој треба да му одолее на забот на времето.
Интер Ал-Пин е препознатлив бренд и лидер на македонскиот пазар кога станува збор за обработка и монтажа на;
алуминиумски конструкции; структурални и полуструктурални фасади; разни видови на вентилирани фасади; монтажа на алуминиумски портали и вградување на композитни панели.
Интер Ал-Пин поседува најсовремена линија за обработка на стакло и со својот квалитет, исполнителност и професионалност, цврсто стои на врвот на мноштвото од фирми кои се занимаваат со обработка и монтирање на секаков вид на стакло .
Интер Ал-Пин исто така се занимава и со продажба на ПВЦ профили, окови и брави, а во неговата лепеза од производи наменети за градежништвото, се наоѓа и целокупниот асортиман на хемиски производи, од типот на силикони , пурпени , лепаци…
Интер Ал-Пин е фабрика, чиј современ објект се простира на површина од 5000м2, а нејзин составен дел се следните погони и магацини:
погон за производство и преработка на алуминиум; погон за производство и преработка на стакло; магацин за складирање алуминиумски профили; магацин за складирање ПВЦ профили; магацин за складирање окови, брави и ролетни; магацин за складирање хемиски производи.
Во состав на фабриката се наоѓа изложбен салон, како и канцелариските простории, во кои работи љубезниот и стручен тим на Интер Ал-Пин.