АвАв Хепи Дог
Определено
Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.
АВАВ ХЕПИ ДОГ ВРАБОТУВА
АвАв Хепи Дог бара високо мотивирани и одговорни нови членови кои ќе се приклучат на нашиот тим за чување на кучиња ! Дали сакате работа како дел од силен тим кој се грижи за кучиња кои се во градинка, хотел или на фризер во АвАв Хепи Дог Пет Центарот за кучиња? Дали е ова професија за која секогаш сте сонувале да ја имате ?
УНИКАТНА МОЖНОСТ ЗА ОБУКИ, ТРЕНИНЗИ, НАДГРАДБА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА ЗА НЕГА НА КУЧИЊА !
Во нашиот хотел за кучиња задоволството и среќата на кучето е пред се, затоа искуството и знаењето за социјална интеракција со кучињата се неопходни. Доколку сте вистински љубител на кучиња и добро комуницирате и со кучиња и со луѓе, бидејќи се работи за тимска работа пријавете се за работното место :
дневна нега и грижа за кучиња
Нашата цел како тим е да им овозможиме на нашите гости одлична услуга во дневната нега и високи стандарди во хотелскиот престој за кучињата. Доколку сакате кучиња, доколку сте хумани, доколку сте смирена и релаксирана личност, доколку сте вредни и работливи и доколку поседувате позитивна енергија и умеете со животните, а кучињата ве сакаат, тогаш побарајте не! Работно место: дневна нега и грижа за кучиња Потребни квалификации:
• З адолжително познавање на англиски јазик, говорење и пишување
• Задолжително е лицето да е полнолетно
•Совладани вештини за услужност и работа со клиенти • ССС • Предходно работно искуство на иста или слична позиција не задолжително но ќе се смета како предност • Со живеалиште во Скопје • Љубезност и педантност, со позитивен став • Самоиницијативност и посветеност на работата • Симпатија кон домашни миленици • Можност за справување со куче Личен профил: • Можност за работа во средина со кучиња (љубител на кучиња) • Лице кое води сметка за лична хигиена и хигена на работно место
• Комуникативна, одговорна и лојална личност • Тимска работа и професионален однос кон клиенти
• Завршено образование во областа на ветерина ќе се смета како предност Ние нудиме: • Работа во 2 смени, прва смена од 8:00ч - 16:00ч , втора смена 12:00ч - 20:00ч
• Плата по договор • Пробен период • Пријавување со платени придонеси
Она што го прави АвАв Хепи дог посебен и поразличен од сите останати хотели за кучиња е тоа што АВАВ Хепи Дог работи по европски стандарди и услови за кучињата. Сопствениците на кучиња се специфичен и посебен тип на луѓе.
Ако сте желни за работа во позитивна и креативна атмосфера вашата биографија и писмо на интерес со контакт информации испратете ги на [email protected]
Скопје
21/05/2025
Спонзориран оглас