Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО Скопје
Неопределено
Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од машински инженер за работна позиција: Раководител на одделението за конструкција, изработка и одржување на алати.
Образование, искуство, вештини:
ВСС од Машинска струка;
3 годишно искуство во производство и изработка на алати
Познавање на 2D/3D програми ( Solidworks , Catia , Autocad ) за конструкција на алати;
Искуство во програмирање машини за работа со CNC како и машини за EDM;
Познавањето на програми за контрола на CNC машини, ќе се смета за предност;
Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
Поседува организациски способности
Тимско работење и кооперативност
Висок степен на одговорност и ефективност во извршувањето на задачите
Работни задачи и одговорности:
Раководи , планира , организира и го контролира целиот процес за конструкција и изработка на алатите
Поставува , одржува и ракува со CNC машините;
Учествува во креирањето на потребите за одделението, како и набавките на материјали и алати за изработка на алатите
Секојдневно известува за планираните/постигнатите цели према зададениот план
Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.
Врши изработка за барани дизајни;
Прави програми за CNC (машини за мелење и EDM) ;
Спроведува евалуација и континуирана обука на вработените
Почетна плата 50.000 денари нето.
Работниот процес се извршува во една работна смена, од 07.30. - 15.30.часот, од понеделник до петок.
Скопје
24/05/2024