Се извинуваме, но тој оглас за работа не е повеќе достапен. Разгледајте некои од останатите огласи кои би можеле да бидат слични на оној кој го барате.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Експерт за електронска продажба
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Активна телефонска продажба врз однапред определени листи за комуникација
Телефонска комуникација со постоечки клиенти преку излезни повици
Правилно презентирање на производот што се продава
Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на Оддел за телефонска продажба
Профил на кандидат:
Пожелно е да има искуство во продажба
Познавање на англиски јазик и MS Office
Ориентираност кон резултати и работа со таргети
Поседување на комуникациски и преговарачки вештини
Флексибилност за работа од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот и сабота од 09:00 до 14:00 часот
Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Основна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
Можност за професионален развој и напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај веднаш.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Тимот на BREADWAY Вашата омилена галерија на вкусови го проширува тимот. ВРАБОТУВАМЕ ПРОДАВАЧКА!
BREADWAY има потреба од ПРОДАВАЧ/КА
Повеќе информации на 070 287 723
Потребни квалификации:
Минимум ССС
Работно искуство во продажба ќе се смета за предност.
Динамична и иницијативна личност
Познавање на англиски јазик
Познавање на Office програмите и користење на Internet.
Опис на работата:
Примање и изложување на роба
Работа на каса
Услужување на купувачи,
Од кандидатот очекуваме:
Способност за работа во тим.
Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
Организираност и одговорност.
Заинтересираните кандидати да ја пратат својата биографија на e-mail: prodelo@prodelo.com.mk
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
LUSH (ЛУСХ БАЛКАН ДООЕЛ) има потреба од Асистент за продажба во EAST GATE MALL
Аплицирање на info@lush.com.mk
Опис на работни обврски и одговорности:
Директна продажба и презентација на козметика.
Ви нудиме:
Полно работно време од понеделник - недела (максимум 5 работни дена до слободен/слободни денови)
Загарантирана плата од 25000 ден и бонуси .
Мотивирачки варијабилен дел – индивидуални и тимски БОНУСИ
Динамична работна атмосфера
Годишни одмори: 2 недели летен и 2 недели зимски.
Идеални кандидати се:
Комуникативни личности со презентациски и продажни вештини;
Динамични и темпераментни личности
Способни за индивидуална и тимска работа
Со основно познавање од областа на компјутерско работење (MS Office)
Основно познавање на Англиски јазик.
ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар
Потребни квалификации:
ВСС - Фармацевт
ССС – Фармацевтски техничар
Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Посакувани карактеристики:
Способност за брзо учење,
Развиени комуникациски вештини,
Стручност и елоквентост,
Диманичност и креативност,
Организираност, самоиницијативност.
Што нудиме:
Солидна плата по договор,
Стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
Бенефити за вработени,
Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
Програма за кариерен развој,
Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки,
Можност за професионален развој и надоградба.
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар на kariera@zegin.com.mk
Друштво за промет на хемикалии Л.А. Хемија, Лоуфакис и АДИНГ Скопје има потреба од лице за промоција и продажба на адитиви и опрема во прехрамбена индустрија, суровини за производство на детергенти, индустриски средства за чистење и адитиви за производство на градежни лепила и малтери.
infi@lahemija.com.mk
Завршено високо образование (предност Хемија, Технолошки и Економски)
Одлично познавање на Англиски јазик
Задолжително возачка дозвола Б категорија
Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден