FIBERNET
Определено
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
ИНСТАЛАТЕР НА ОПРЕМА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ за СКОПЈЕ или ТЕТОВО
Работни задачи:
Изведба на внатрешна инсталација со оптичка инфраструктура во станбени објекти
Подготовка на инсталација и активирање услуги кај краен корисник со оптичка
Подготовка на инсталација кај краен корисник
Извештај за завршени активности
Потребни квалификации:
Минимум средно образование
Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
Познавање на англиски јазик
Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
Комуникациски вештини
Способност за самостојна и тимска работа
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку брза апликација или на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk или аплицирајте на следниот линк https://fibernet.mk/job/montazher-na-oprema-za-telekom-operatori-za-tetovo/
Скопје
11/05/2024