Се извинуваме, но тој оглас за работа не е повеќе достапен. Разгледајте некои од останатите огласи кои би можеле да бидат слични на оној кој го барате.
Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР ВО ПРЕРАБОТКА
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА
Преработка на мермерените блокови во плочи и плочки.
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА
Врши подготовка за сечење и сечење на мермерните блокови во плочи.
Врши кроење на мермерна минерална маса
Работи на останати машини за преработка на мермерната маса кои се во технологијата на производство во ОЕ Преработка.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
Тимски ориентирана личност,
Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
Професионалност во работењето.
ШТО НУДИМЕ :
Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
Конкурентен пакет за наградување
Приватно здравствено осигурување
Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
Основна нето плата 31.500 денари (176 работни часа)
Работно време во смени: 07:00 – 15:00 15:00 -23:00
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса vrabotuvanje@mermeren.com со назнака “апликација за работно место “ ОПЕРАТОР ВО ПРЕРАБОТКА ”.
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ОПЕРАТОР ВО ПРЕРАБОТКА ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
Хенди Телеком,партнери на А1 Македонија има потреба од референт за продажба со одлични продажни способности за вработување во Кавадарци.
Сите заинтересирани кандидати треба да достават CV со слика на e-mail officeskopje@handy.mk со назнака -За референт за продажба за во Кавадарци.
Работа на смени
Кандидатите со позитивен дух, самомотивираност, посветеност и спремност за учење и работа, потребно e да ги исполнуваат следните критериуми:
Познавање на Англиски Јазик, MS Office
Високи комуникациски способности и дирекна комуникација со клиенти
Способност за управување со понуди,склучување на постпејд договори,наплата на фактури и други документи
Познавање од областа на мобилната технологијa
Цермат доо Битола, има потреба од ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО.
Доколку си личност која сака да биде клучна алка во синџирот на производство и контрола на безбедноста и квалитетот, тогаш пријави се на следниот оглас за:
Потребни квалификации:
Завршено високо образование – Биотехнички факултет
Висок степен на мотивација за работа во тим,
Мотивација за работа во динамично опкружување,
Силни развиени организациски и аналитички вештини,
Основно познавање на MS Office – Excel, Power Point, Internet,
Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност,
Претходно слично работно искуство ќе се смета за предност,
Познавања од областа на развој на нови производи, планирање на производство,
Познавање на НАССР стандарди,
Комуникациски вештини и тимска работа,
Желба за напредок.
Краток опис на работно место и основни одговорности:
Работење во согласност со правните норми и етичките кодекси на компанијата,
Атрактивна и динамична работна средина,
Контрола и квалитет на готов производ,
Контрола на производствените процеси по фази.
Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.
Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат семејството, испратете Ваше CV на следниот е-маил: vrabotuvanje@cermat.com.mk со задолжителна назнака ТЕХНОЛОГ.
Финансиско друштво ФД ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Експерт за кредитирање во филијала Струмица
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
Анализа на ризик и одобрување на кредити
Нудење можност за продолжување на рок за отплата
Работа со готовина
На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален Супервизор
Профил на кандидат:
Познавање на Англиски јазик
Вештини за преговарање и убедување
Одлични комуникациски и продажни вештини
Внимание на детали и ориентираност кон резултати
Флексибилност за работа од понеделник до сабота
Можност за обука во Скопје
Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Можност за напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФД ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФД ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.