Дипломиран фармацевт / фармацевтски техничар

  • Зегин ДОО
  • Определено
  • 07/05/2024
Определено Фармација

Опис

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар

Потребни квалификации:

  • ВСС - Фармацевт
  • ССС – Фармацевтски техничар
  • Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење,
  • Развиени комуникациски вештини,
  • Стручност и елоквентост,
  • Диманичност и креативност,
  • Организираност, самоиницијативност.

Што нудиме:

  • Солидна плата по договор,
  • Стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
  • Бенефити за вработени,
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
  • Програма за кариерен развој,
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки,
  • Можност за професионален развој и надоградба.

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар  на kariera@zegin.com.mk

Е-пошта

kariera@zegin.com.mk

Краен рок за аплицирање

07/05/2024
Аплицирај веднаш