Административен асистент во логистика

  • Цермат
  • Битола
  • Определено
  • 10/05/2024
Определено Администрација

Опис

Цермат ДОО – е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Компанија која е лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот,  со над 250 вработени, со седиште во Битола, поради зголемен обем на работа, има потреба од вработување на високомотивирани личности кои одговараат на описот за следната работна позиција:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ВО ЛОГИСТИКА

Потребни квалификации:

  • Висока стручна спрема, предност ќе имаат кандидатите со Факултет за шпедиција / транспорт,
  • Задолжително одлично познавање на англиски јазик,
  • Задолжително познавање на работа со компјутер,
  • Одлични комуникациски вештини,  способност за тимска работа, организациска способност, лојалност и целосна посветеност на работните задачи.
  • Работно искуство не е потребно.

Опис на работни задачи:

  • Изработка на потребна документација,
  • Следење на меѓународни стандарди за транспорт и логистика во ЕУ и останати земји.
  • Ефикасно администрирање на сите процеси поврзани со ветеринарен инспекторат за храна
  • Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење.​

Заинтересираните кандидати да достават CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail адреса: vrabotuvanje@cermat.com.mk со задолжителна назнака: За административен асистент во логистика.

Е-пошта

vrabotuvanje@cermat.com.mk

Краен рок за аплицирање

10/05/2024
Аплицирај веднаш