Маркетинг специјалист

  • FIBERNET
  • Скопје
  • Определено
  • 11/05/2024
Определено Маркетинг

Опис

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

Работни задачи и одговорности:

  • Водење и креирање маркетинг кампањи
  • Организирање маркетинг настани за потребите на компанијата
  • Следење, водење и уредување на сите платформи на социјални медиуми
  • Маркетинг кампањи преку e-mail newsletter платформи
  • Водење и уредување содржини на корпоративен вебсајт
  • Водење и надградба на постоечки корпоративен идентитет
  • Следење и контрола на маркетинг трошоци
  • Фотографирање и смислување концепт за естетскиот изглед на фотографијата
  • Подготовка на текстови за потребите на компанијата

Потребни квалификации и способности:

  • Претходно работно искуство за оваа позиција
  • Познавање и работно искуство со  Е–Маркетинг, програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign)
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Педантност и организираност во работењето
  • Одлични вербални и писмени вештини
  • Креативност и способност за следење на детали
  • За предност ќе се смета напредно познавање на софтвери за графички дизајн

 Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk.

Е-пошта

vrabotuvanje@fibernet.mk

Краен рок за аплицирање

11/05/2024
Аплицирај веднаш