Назад

Искористете ги предностите на LinkedIn додека барате работа

Многу компании и менаџери го користат LinkedIn како извор на работна сила и кога имаат потреба од нови вработувања, пребаруваат кандидати според нивните потреби.

Освен тоа, многу од нив, кога ќе добијат CV од кандидатите, можат да го разгледаат и нивниот LinkedIn профил доколку го поседуваат и го наведат во нивната биографија.

Секако, покрај тоа што работодавачите бараат работници, можете и вие да пребарувате компании, информации за нив, слободни работни места итн.

Овие можности се одлични за оние кои бараат работа.

Затоа, немојте да чекате, одвојте малку време и создадете го вашиот LinkedIn профил, или доколку го имате, додадете конекции и искористете го правилно.

Совети:


Комплетирајте го и ажурирајте го вашиот профил

Ако вашиот профил е комплетен и не оставете многу непополнети полиња, на работодавачите ќе им биде полесно да ве најдат, да се заинтересираат за вас и да ве контактираат. Користете го профилот како резиме, но обидете се да не ги содржи само информациите од вашето CV.

Искористете ги максимално сите опции што ги нуди LinkedIn и додадете сѐ што може да ви оди во прилог, за работодавачите да можат да дознаат повеќе за вас и детално да ги разгледаат вашите вештини и искуства.


Најдете конекции и поврзете се

Колку повеќе конекции имате, толку се поголеми шансите дека ќе најдете некој кој ќе ви помогне во вашата потрага по работа. Поврзувајте се со значајни луѓе кои можат да бидат врска за понатамошни контакти во вашата област.

Опции за барање работа

Можете да пребарувате работни места преку користење на клучни зборови, земја, локација, работна позиција, име на компанија, индустрија или вештини.

Профили на компании

Доколку имате желба да работите во одредени компании, или веќе сте аплицирале во некоја, пребарувајте ги нив директно. Преку нивниот LinkedIn профил можете да дознаете повеќе информации за нивната компанија, нивната работа, нови вработувања и други работи кои ве интересираат.


Отварајте го почесто вашиот LinkedIn профил, не заборавајте да поставите квалитетна и професионална фотографија од вас, одржувајте го активен, внесувајте ги сите нови вештини, искуства, унапредувања или работни места и користете ги професионалните можности кои ги нуди оваа социјална мрежа.