Назад

3 добри причини да посетувате конференции и по дипломирањето

Како „тазе“ дипломирани, лесно е да помислите дека сите тие години поминати во предавања, учење, читални и предавални е веќе минато – но, не брзајте!

Иако сте завршиле со школување, сепак е важно да продолжите да учите.

Учеството на важни конференции, семинари, предавања, не само што ќе ве држи во игра, туку и ќе ви помогне да ги проширите вашите хоризонти, да остварите нови контакти и да гледаат на вас како на експерт во вашата област.

Како учествувањето на работилници, обуки, конференции и други професионални настани може да ви биде од помош?

1. Ќе продолжите да учите

Очигледно, главната причина за учество на настани за професионално учење и развој е да го зголемите вашето знаење за областа во која ќе ја градите вашата кариера.

Без разлика дали присуствувате на локални професионални настани или на големи конференции, или курсеви и обуки за карактеристични теми, можете да научите сѐ за вашата индустрија, да се стекнете со многу вештини и да бидете најдобри во работата.

Одлучете што би било најдобро за вашата работа и не чекајте.

2. Ќе добивате нови идеи и фидбек за истите

Друга добра работа од настаните за професионално учење е што можете да споделите со другите што работите, или што сакате и какви идеи имате за во иднина и да добиете фидбек од оние кои се поискусни во вашето поле.

Освен што ќе добиете професионално мислење од останатите, може и да слушнете други идеи кои ќе ви бидат од помош.

Исто така, може да искористите да ги прашате оние кои се поискусни сѐ што ве интересира и да разменувате мислења без да ви биде непријатно.

3. Ќе ширите познанства и ќе се поврзете со луѓе

Поврзувањето со луѓе е значајна предност на овие професионални настани, бидејќи како скоро дипломирани, врските кои ќе ги остварите на конференции и семинари ќе бидат голем бенефит за вашата кариера понатаму.

Присуството на овие настани е одличен начин да демонстрирате дека сте посветени на вашата кариера и областа во која ќе ја градите истата.

Затоа немојте да чекате, бидејќи покрај сите овие предности кажани досега, овие настани може исто така да бидат начин да го добиете вашето следно работно место.