Назад

5 начини на кои вашите одговори на интервјуто прават да звучите досадно

Едно нешто што треба засекогаш да го запамтите е тоа дека е навистина лошо да отидете на интервју и да молчите, но исто толку лошо може да биде и ако зборувате премногу.

Или, ако зборувате непотребни работи...

Доколку оној кој го води итнервјуто го изгуби интересот, најверојатно вие ќе ја изгубите и потенцијалната работа.

5 начини на кои правите да звучите досадно и како да го поправите тоа:

1. Користите клише фрази

На пример, соговорникот ве прашува коои се вашите слабости, а вие одговарате: „Перфекционист сум“.

Ништо не може повеќе да ги натера оние кои го водат интервјуто да „превртуваат со очи“ од оваа досадна фраза каде кажувате дека слабост ви е нешто што всушност е добро.

Па, како може да дадете подобар одговор?

Најдобро е да дадете оригинален и искрен одговор, но да избегнете именување на слабости, како вештини кои се клучни за работата.

2. Вашите одговори се извежбани

Клише одговорите не се единствениот проблем. Многу често кандидатите кажуваат некои стандардни одговори или повторуваат нешто што го запамтиле.

Искусни интервјуирачи ќе ги натераат кандидатите да ги мислат нивните одговори за да ги запознаат подобро.

Повторувањето на информациите кои се појавуваат и во вашето CV, ве прави предвлидливи и секако, звучите досадно.

Затоа на секое прашање размислувајте што ќе одговорите и давајте оригинални одговори, а не да се држите постојано до она што сте го извежбале.

Оние кои го водат интервјуто бараат контекст, а вие сега знаејќи го ова, понудете им продлабочување и продолжение на она што го има во вашето CV, но потрудете се тоа да биде нешто јасно и интересно.

3. Кажувате премногу информации

На прашањето „Кажете ми нешто повеќе за себе“, повеќето луѓе кажуваат повеќе од потребното.

Размислувајте од гледна точка на оној кој го води интервјуто. Дали би сакале да знаат сѐ што сте направиле некогаш во животот? Секако дека не.

Тоа што тие го бараат е неколку клучни точки кои ќе бидат релевантни за работата која ви ја нудат, за кои подоцна ќе се разговара во детали.

Најдобро е да му го олесните животот на соговорникот и да кажете: „Ќе ви кажам накратко, а потоа вие прашајте ме за сѐ што сакате да знаете подетално“. Па започнете со 3 клучни точки: „Прво ќе ви кажам за академското образование, потоа за мојата кариера досега, и на крај малку за мојата работа настрана (или доколку ја немате, можете да зборувате за тоа што очекувате и сакате да го постигнете во иднина)“.

За секоја од овие 3 точки одвојте по 1 минута.

4. Не им давате смисла на вашите одговори

Вие ја знаете позадината на сите ваши одговори и приказни, но соговорникот не знае ништо од тоа.

Јасна изјава со контекст и смисла, не само што ќе го забрза процесот, туку и ќе покаже зошто вашиот одговор е навистина добар.

На пример, добивате прашање: „Може ли да ми кажете нешто за тоа кога сте постигнале со тимот одлични резултати во предизвикувачки ситуации?“.

Немојте веднаш да се истрчувате со: „Јас бев еднаш тим лидер и морав да го соберам цел тим заедно и да одржам состанок, што беше многу предизвикувачко затоа што работеа во различни канцеларии низ повеќе места...“

Наместо тоа, започнете со приказна: „Беше 2008-ма година и бевме во голема финансиска криза со компанијата. Многу вработени беа отпуштени и сите беа загрижени за својата работа...“ и продолжете со решението.

Кога ќе започнете со јасен контекст, во кој накратко ја објаснувате ситуацијата, проблемот и решението, соговорникот многу подобро може да го сфати сценариото и да го заинтересира приказната.

5. Не кажувате што вие може да направите за компанијата

Оној кој го води интервјуто сака да го импресионирате со вашата брилијантност, но исто така сака и да дознае што вие можете да направите за него и неговата компанија.

Вашите одговори треба да покажат дека вие имате искуство и ги имате оние вештини кои им се потребни за нивната работа.

Со тоа што претходно ќе имате истражено за работата или за нивните проекти, обидете се за време на разговорот да напоменете како би се справиле со проблемите на компанијата или со некој дел од проект на кој моментално работат.