I’M WATER е природна изворска ниско-минерална aлкална конзумна вода, која извира во недопрена природа под падините на Шар планина на 1040 метри надморска висина во чиста и еколошка средина. Имено, ниското ниво на минерали кои водата ги содржи во себе,а посебно ниското ниво на Натриум( кој е застапен само со Na=2.1мг/л) ја прави апсолутно погодна особено за децата од секоја возраст и за трудниците,со што, добиваат „лесна“ хидратација без бубрежно оптоварување и седиментација. Истата, покрај за конзумација како чиста вода, може да се користи и за припрема на адаптирано млеко,чаеви и разни напитоци,како и за припрема на разни инстант млечни и други кашички.Посебен бенефит на телото му дава алкалноста која водата ја содржи (Рh-7.2).