Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите. Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата. Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
САНИК ИНЖЕНЕРИНГ има потреба од следната работна позиција: ХИГИЕНИЧАР/КА
Потребни квалификации:
Завршено средно образование
Со претходно работно искуство
Опис на работна позиција:
Грижа за хигиената во канцелариите
Посветеност, педантност и темелност во извршување на работните обврски
Висока работна етика
Самоиницијативност, исполнителност и чесност
Организираност и одговорност
Ние нудиме:
Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
Пријатна работна атмосфера
САНИК има потреба од следната работна позиција
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
Економски Факултет, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
Поседување на лиценца за овластен сметководител
Одлично познавање на Excel
Работно искуство со материјално и сметководствено работење ќе се смета за предност
Познавање на Англиски јазик
Работно искуство во областа на сметководственото работење (повеќе од 4 години)
Работно искуство во градежна компанија ќе се смета за предност.
Основни задачи и одговорности:
Водење на материјално сметководство
Книжење на влезни и излезни фактури
Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања (сложување на сметководствени картици)
Изработка на фактури за клиенти
Книжење на банкарски изводи
Изготвување на даночни пријави(ДДВ-04) и електронска комуникација со УЈП
Пресметка на плата и електронска комуникација со УЈП
Пресметка на персонален данок и електронска комуникација со УЈП
Благајничко работење(евиденција)
Изготвување на завршна пресметка
Личен профил:
Одговорна и лојална личност
Самоиницијативност и посветеност на работата
Подготвеност за индивидуална и тимска работа
Посветено и навремено извршување на работните задачи
Ние нудиме:
Редовни месечни примања к-15 и бонуси
Пријатна работна атмосфера
САНИК има потреба од следната работна позиција
АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК
За работа на приемно одделение-пулт
Потребни квалификации:
ССС/ВСС
Предходно работно искуство во оваа област ќе се смета за предност
Познавање на работа со компјутер (Microsoft Office)
Познавање на принципи на административно работење
Потребни способности и вештини:
Одлични комуникациски способности
Ориентираност кон рокови
Мотивирана и стабилна личност
Флексибилност за индивидуална и тимска работа
Деловна комуникација (писмена и вербална)
Трудољубивост и доверливост
Одговорности и задачи:
Комуникација со странки
Прием и проследување на документи
Развивање и одржување на односи со клиенти
Административна евиденција
Пошта и електронска пошта
Ние нудиме:
Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
Пријатна работна атмосфера
САНИК има потреба од следната работна позиција:
РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ
Потребни квалификации:
Висока стручна спрема
Работно искуство во банка ќе се смета за предност
Основни задачи и одговорности:
Изготвување на финансиски планови
Изготвување анализа за потребите на друштвото
Комуникација со деловните банки
Изготвување на интерни бизнис планови за потребите на друштвото
Порамнување на сметки за плаќање и побарувањата со деловни партнери во одредено време
Проверка на сметководствената евиденција и трошоци
Врши и други работи од областа на сметководството, финансиите или други административни работи по барање на главниот сметководител или од други структури за управување
Основно познавање на сметководство
Личен профил:
Одговорна и лојална личност
Самоиницијативност и посветеност на работата
Подготвеност за индивидуална и тимска работа
Посветеност за точноста
Ние нудиме:
Редовни месечни примања, к-15 и бонуси
Пријатна работна атмосфера