1 оглас(и) во ОЗОН дооел

ОЗОН дооел Определено
Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација, филтрација и други производи. За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:  Електро инженер за проектирање и работа со опрема за контрола  Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира: - Завршен Електротехнички Факултет или друг соодветен факултет за автоматика и управување со желба за понатамошно учење и развој - Претходно работно искуство од минимум 3 години - Познавање програми за 2Д и 3Д цртање електрични шеми е предност - Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други - Солидно познавање англиски јазик - Да поседува позитивен однос кон околината, грижа и одговорност кон работата  За следниве работни задачи - Водење и изработка на техничка документација и изработка на електрични шеми, пуштање во работа на ПЛЦ и слично  - Комуникација со клиенти по е-маил, телефон и посета - Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови - Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на документација со технички карактеристики  - Организација и архивирање документација за тековната работа - Изработка на извештаи  - Пресметки и изработка на 2Д или 3Д цртежи - Примена и реализација на современи решенија и технологии  Се добиваат следниве услови за работа - Редовни месечни примања - Работа во прва смена  - Организирана исхрана - Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување  - Награди за квалитетно извршување на работните задачи - Можност за обука и стекнување нови знаења - Осигурување 24h од незгода - Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух - Природно осветлување и пријатна работна средина - Месечни примања согласно работното искуство и знаењето  Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 / 078 262 821 и закажете го вашиот разговор. 
Скопје 02/05/2024