Директор, адвокат, полицаец: Кои се омилени професии на психопатите?

Работите на некое од наведените работни места? Ако одговорот е „да“, тогаш голема е веројатноста дека покрај себе имате психопат во непосредна близина.

Психопати се нарекуваат личностите кои се без емпатија, социјална одговорност и грижа на совест за луѓето околу себе.

На деловно поле, тие се најчесто поприлично успешни, затоа што немаат проблеми со стравот, самоуверени се и амбициозни.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд на тема „Психопати на работното место“, открива кои се професиите што најчесто ги преферираат малку „необичните“ луѓе.

Како што објаснува психологот Кевин Датон, психопатите најмногу бараат работа на која можат да ги остварат своите склоности кон потполна реализација.

А, на кои работни места се кријат најголем број на психопати? Според резултатите од истражувањето, десетте омилени професии на психопатите се:

  1. Директор
  2. Адвокат
  3. Телевизиски и радио водител
  4. Менаџер за продажба
  5. Хирург
  6. Новинар
  7. Полицаец
  8. Свештеник
  9. Готвач
  10. Јавен службеник