dm дрогерие маркт ги зголеми платите на своите вработени за 15 отсто

Задржувајќи ја својата компаниска филозофија чиј фокус е континуираното вложување во своите вработени, dm дрогерие маркт, 2024 година ја започнува со зголемување на бруто платите на вработените за 15 отсто. Како поддршка и благодарност за посветеноста и вложениот труд, зголемување на примањата на своите вработени од година во година е редовна пракса на dm во нашата земја.

– Горди сме што зголемувањето на платите на вработените е составен дел од нашата позитивна работна пракса. Со ова не само што се прилагодуваме на инфлацијата и другите економски фактори, туку сме тука и како поддршка, сигурност и место, коешто на вработените им обезбедува можност за напредок на личен и професионален план. Мерилото за успех на нашата компанија се нашите вработени, па токму затоа сакавме посебно да го наградиме нивниот труд, како и нивната посветеност и мотивација. И во иднина ќе настојуваме да бидеме тука едни за други, обезбедувајќи не само материјални, туку и низа други поволности на нашите вработени – изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm дрогерие маркт во Македонија и Србија.

Покрај 14 редовни и атрактивни плати во текот на годината, вработените во dm дрогерие маркт имаат и низа други придобивки кои креираат пријатна работна атмосфера, идеална за усовршување и подобрување на условите за работа и приватниот живот. Работните стимулации кои ги нуди компанијата го вклучуваат и концептот „smart working” – работа од дома и од далечина, како и бесплатни курсеви по германски јазик, ваучери за пазарување, обуки, семинари, проширени здравствени систематски прегледи, како и ваучери за приватни здравствени прегледи. Во рамки на подобрување на рамнотежата помеѓу приватниот живот и работата, првиот училиштен ден е слободен ден за сите вработени во dm-родители на ученици-првачиња.

Заложбите на компанијата за унапредување на личниот и професионалниот развој на вработените, исто така резултираа и со развој на голем број образовни програми и проекти како  dm Академија“ и „dm-Lernwelt – Свет на учење“, преку кои вработените можат да го усовршуваат своето знаење и на тој начин да придонесат кон сопствениот и растот на компанијата.