Job Fair – Првиот чекор кон твојата кариера

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест Ви го најавува деветнаесеттото издание на Саем за ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА – Job Fair 2024, кој ќе се одржува од 15 до 19 април.

Job Fair е настан кои ги поврзува студентите и компаниите на едно место. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство во техничко-технолошкиот кампус, каде секоја од нашите партнер компании ќе може да се запознае со студентите од техничките кампуси!

Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е одлична можност за секој студент да ги надгради своите професионални вештини, да извлече вредни информации околу индустријата, но пред сè,  да се запознае со претставници од компании кои ќе му помогнат полека да се вклучи во пазарот на трудот.

Се гледаме на технчко-тенолошки кампус од 15 до 19 април.

За повеќе информации посетете ја нашата официјална веб страна www.jobfair.org.mk.