Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Македонија!

Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мкедонија, е сликата која утрово ги дочека екипите  на ЈП Паркови и зеленило Скопје.

За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.

„Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители.“ – велат од  ЈП Паркови и зеленило Скопје.