6 знаци дека сериозно ви треба одмор од работа

Високото ниво на секојдневнен стрес може да ви донесе психичко и физичко иритирање.

Па, кога ќе се почувствувате дека секој ден сте тензични и односите на работа ги затегнавте повеќе од вообичаено, можеби е време да земете годишен одмор.

Ова се 6 знаци дека сериозно треба да отидете на одмор, што поскоро:

1. Колегите ве прашуваат дали сте добро

Другите луѓе често ве прашуваат дали сте добро, бидејќи ве забележуваат дека сте тензични и напнати.

Ако често ви се случува да ви пријдат со фразата „изгледаш изморено“ или „дали си во ред?“ тогаш тоа е јасен знак дека ви треба одмор.

2. Често правите грешки

Хроничниот стрес често е причина за грешки во работата, поради невнимание и намалена концентрација. Па, ако грешите повеќе од вообичаено – време е за мал одмор.

3. Целото тело ве боли

Грбот, главата, очите, стомакот… Кога предолго сте под стрес чувствителноста на телото на болка се појачува.

4. Имате проблеми со сонот

Несоницата или зголемената желба за сон поради хроничен замор, исто така треба да ги сфатите како аларм за одмор.

5. Не си ја поднесувате работата

Иако до вчера уживавте во неа, одеднаш ви стана терет секоја задача која ви е доделена. Пред да донесете порадикална одлука, прво проверете да не сте само „жедни“ за одмор и полнење на батериите.

6. Се изолирате од блиските луѓе

Недостатокот на желба за дружење со семејството и пријателите, се јасен знак дека ви треба одмор и враќање на енергијата.

фото: freepik