Земјоделец, ѓубреџија, преведувач: Луѓе откриваат кои се најпотценетите професии – се согласувате ли?

„Не знам која е причината зошто со потценување се гледа на професијата ѓубреџија, но без нив јас не знам што би правеле. Размислете…“

Во последно време постојано како да се зборува само за одредени професии како политичари, програмери и слично.

Но, реалноста е дека постојат многу повеќе професии и дека голем дел од нив, за жал, се потценети.

BuzzFeed направи истражување кои се тие, а луѓето дојдоа до некои заклучоци.

Професии кои се потценети, според читателите на BuzzFeed:

Хигиеничар/ка во училиште.

„Сите зборуваат за работата на учителките, но никој за тоа кој го одржува училиштето во ред, средува по учениците, собира отпад, одлепува мастики, брише прозорци и што уште не“.

Ѓубреџија

„Не знам која е причината зошто со потценување се гледа на нив, но без ѓубреџии јас не знам што би правеле. Размислете…“

Преведувачи

„Овие луѓе прават светот да функционира, а никој не зборува за нив“.

Работници во компаниите за струја

„Некој мора да се погрижи за каблите кои носат струја до нашите домови кога ќе ги погоди гром или кога има некаква незгода, нели?“

Административни работници

„Ех, тие работат шаблонска работа! Но, дали ако не ја сработат, процесите ќе ни функционираат?“

Градежни работници

„Тие се буквално темелите на нашето општество“.

Диспечери во полиција

„Често се случува да се соочат со најстрашни ситуации, кога треба да останат смирени и да пронајдат решение“.

Земјоделци

„Тие се потценети, а од нив зависи дали ќе имаме храна на трпезата од локално производство или ќе имаме скап увоз од далечни земји“.

Извор: crnobelo.com