Отворени работни позиции во Ресорт Маврово: работете на чист воздух и во прекрасна природа

Совршена природа, чист воздух, пријатни температури, зеленило околу вас – идеална работна околина, нели?

Ресорт Маврово има неколку отворени работни позиции кои можеби ќе ви го привлечат вниманието. Постои можност за сезонска работа или за подолго.

  1. Готвач и помошник готвач.
  2. Келнер
  3. Шанкер
  4. Рецепционер

Што добивате како вработен во Ресорт Маврово:

  • Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
  • Сместување и 3 оброци дневно;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
  • Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Деталните описи на работните позиции и потребните квалификации погледнете ги ТУКА.

Аплицирајте веднаш.