Аплицирај за работа во АДИНГ: Градежен инженер, возач на товарно возило, продавач

Вистински предизвик е да се работи во една од најдобрите македонски компании.

Во Адинг ќе имате можност да учите, постојано да се надоградувате и да стекнете вредно работно искуство на вашата позиција. Ќе бидете дел од систем со 54 годишна традиција, со пристап до огромна база на знаења, технологии и акумулирани искуства.

Компанијата континуирано е присутна и активна на пазарите преку дистрибутери и наши претставништва во Југоисточна Европа, а пласираме производи и во остатокот од Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. Наш производствен погон има и во Р.Бугарија (АДИНГ Бугарија), претставништво во Србија (АДИНГ Белград), а на овој начин дoсегаме и до Р.Казахстан. 

Моќта и иднината на Адинг е во вработените, затоа охрабруваме и поттикнуваме самостојност и интегритет. Негуваме систем на посветени и одговорни децентрализирани тимови од експерти, кои меѓусебно ефективно соработуваат во остварување на целите. Вработени со свесност за иднината, висока општествена одговорност, посветени на широка иновација во компанијата.

Во моментов имаме неколку отворени работни позиции:

  1. Градежен инженер на позиција Менаџер за техничка примена и пласман. Аплицирајте за позицијата тука.
  2. Возач на товарно возило со Б и Ц категорија. Аплицирајте за позицијата тука.
  3. Продавач во продажниот салон Адинг Маркет 1. Аплицирајте тука.

Повеќе информации за компанијата може да најдете тука.