Job Fair 2023: од 13ти до 17ти март 2023 година

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест ви го најавува осумнаесетиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2023, кој ќе се одвива од 13ти до 17ти март 2023 година.

Job Fair претставува настан преку кој БЕСТ директно ги поврзува студентите од техничите факултети и компаниите, на тој начин што воспоставува долготрајна професионална основа за деловна соработка. Овогодишното издание ќе се одвива со физичко присуство во холовите на Машински и Технолошко – металуршкиот факултет, каде секоја од нашите партнер компании ќе може да се запознае со студентите од нашите кампуси!

Настанот ќе започне со официјално отворање на 10.03.2023 во 12 часот, на кое ќе има обраќања од страна на организаторите и партнерите.

Доколку сте студент кој сака да се надградува себе си и сака да биде чекор поблиску до својата идна кариера – ова е вашиот момент!

Job Fair не само што е најголемиот настан кој БЕСТ Скопје го организира, туку е и местото каде студентите можат да се информираат за сите можности кои ги нудат партнер – компаниите, вклучувајќи потенцијални работни позиции и пракса. Веќе осумнаесет години Job Fair ја остварува својата цел на доближување на иновативните идеи на студентитe со компаниите, а воедно им овозможува да се поврзат со компании од техничкиот и ИТ секторот. Овој настан е можност за големи остварувања во иднина за кариерата на студентите.

Секој студент во текот на факултетската настава се стекнува со сет технички вештини, кои најдобро може да ги усоврши и надогради преку практично искуство или работа.

Јоb Fair нуди кариерна поддршка, со тоа што преку својата CV – дата база им овозможува на студентите да ги претстават своите знаења и интереси, а компаниите кои имаат пристап до истата им овозможуваме да го пронајдат соодветниот кандидат за одредена работна позиција!

Ве очекуваме од 13ти до 17ти март на Машински и Технолошко-металуршкиот факултет!

Биди чекор поблиску до твојата кариера, преземи го следниот чекор!