Зошто 1 од 4 доктори страда од проблеми со менталното здравје?

Тие секој ден се соочуваат со предизвикувачки ситуации и чувствуваат огромен притисок и сето тоа има свој данок.

Сè поголем е бројот на професионалци од доменот на медицината кои се под огромен психолошки притисок и се соочуваат со проблеми со менталното здравје.

Во истражување со 4.300 доктори Британската медицинска асоцијација откри дека 40% од докторите страдаат од некакво психолошко нарушување или емоционална состојба, а ова е најизразено кај докторите кои имаат многу работни часови во неделата, односно 51 час, па и повеќе.

Некои доктори дури признале дека користат алкохол и лекарства за да успеат да ги истуркаат предолгите смени и дежурства.

Истражувачите тврдат дека долгите работни часови и преоптовареноста со обврски ментално ги истоштуваат докторите и ги туркаат до крајни граници. Многу од нив се плашат да побараат помош од стручно лице од страв тоа да не им наштети на кариерата.

Во нивната професија постои ризик дури и тогаш кога сè ќе направат според план работите да не испаднат како што треба и тоа неизбежно нанесува товар врз нивните раменици.

Извор: www.crnobelo.com