Можете ли да ја решите загатката која Илон Маск ја поставува на интервјуата за работа?

Навистина треба да сте генијалец за да ве викнат на интервју кај Илон Маск, но за да го поминете неговиот тест, треба да бидете уште попаметни.

Кога Илон барал нови инженери за неговата компанија Space X, му било потребно прашање што добро ќе ја тестира логиката на неговите кандидати.

Па, тој им го поставувал следново прашање:

„Стоите на површината на Земјата. Одите еден километар кон југ, еден километар кон запад и еден километар кон север. Завршивте на истото место од каде што тргнавте. Каде се наоѓате?“

На повеќето места на планетата, со оваа рута ќе завршите еден километар северно од местото од коешто сте тргнале. Одовде можете да заклучите дека одговорот не е место што би ги следело овие правила.

Одговорот на прашањето на Илон е дека се наоѓате на некој од половите на Земјата.

Ако, на пример, тргнете од Северниот Пол и почнете да одите кон југ, па кон запад, а потоа повторно кон север, вие ќе се движите во триаголник и ќе се вратите на почетното место.

Второто прашање

Можеби ова не ви звучи тешко, но Илон имал уште едно прашање: На кое друго место можете да бидете?

Овој одговор е покомплициран и ве носи на другиот крај на планета – во близина на Јужниот Пол. Односно, во овој случај би се наоѓале надвор од кружнница околу Јужниот пол со обем од еден километар.

Одењето еден киломтер јужно ќе се смести во линијата на оваа кружница. Кoга ќе тргнете кон запад, ќе изодите цел круг. Одењето кон север ќе ве врати на пoчетното место.

Немојте да се грижите ако не го погодивте одговорот. Илон изјавил дека не барал кандидати што разбираат географија, туку сакал да дознае како потенцијалните вработени се справуваат со необични прашања.

Други прашања на интервјуто на Илон

Илон открил дека користи и „стандардни“ прашања за интервју. Тој открил уште едно прашање што го смета за особено важно:

„Раскажете ми ја вашата животна приказна, одлуките што сте ги донеле и зошто сте ги донеле. Исто така кажете ми за некои од најтешките проблеми со кои сте се соочиле и како сте ги решиле.“

Илон изјавил дека бара луѓе кои откриваат како точно го решиле проблемот, споделувајќи ги и најситните детали. Тој не сакал кандидати кои се „преправаат“ и кои „заглавиле“ после само неколку детали.

Всушност, Илон бил познат по неговите кратки, но интензивни интервјуа кои траеле од 12 до 13 минути.

Па, сега знаете што можете да очекувате доколку имате среќа да работите за Илон Маск.

Извор: www.crnobelo.com