Оглас за работа: Бараме жени со големи гради

Огласот бил поставен на прозорецот на кафулето “Стамперс” во малиот град Хокитака во Нов Зеланд, а фотографии од истиот брзо се прошириле на социјалните мрежи.

„Потребни се работници. Пријавете се внатре. Мора да имате големи гради, убава насмевка и добар став. И мажи можат да се пријават!“, стои во огласот.

На социјалните мрежи огласот наиде на поделени реакции, од оние кои го бранат тврдејќи дека е очигледно шеговит, додека други го критикуваат дека е сексистички.

Огласот дошол и до новозеландското министерство за економија, иновација и работа од каде за “NZ Herald” истакнале дека е прекршен законот за човекови права од 1993-та година кој забранува објава на огласи за работа кои имаат намера да вршат дискриминација.