Одлични резултати од пробната програма за четиридневна работна седмица во Обединетото Кралство

Последните осум седмици, илјадници луѓе во Обединетото Кралство беа дел од тестирање на четиридневна работна седмица. Притоа, нивната плата остана непроменета. Истражувањата покажаа дека продуктивноста се подобрува, а и работниците се чувствуваат подобро

Вкупно 3.300 работници во 70 компании работат 4 дена во седмицата во период од 6 месеци. 

Анализата треба да покаже како четиридневната работна седмица влијае врз продуктивноста, родовата еднаквост, околината и благосостојбата на работниците.

Досегашниот заклучок од компаниите учесници е дека луѓето се попродуктивни, компаниските состаноци траат пократко (околу 5-10 минути), а состаноците со клиенти максимум 30 минути.

Слични програми треба да започнат и во САД и Ирска, а се планира оваа програма да се тестира и во Канада, Австралија и Нов Зеланд.

фото: pixabay